Д-р Ирина Трајковска Зареска

Д-р Ирина Трајковска Зареска

Спец. по стоматолошка протетика
Магистер по орална хирургија, имплантологија

Доверлив доктор по стоматологија со долгогодишно искуство во успешно дијагностицирање и лекување на пациентите. Има докажана способност во областа на стоматолошката протетика и хирургија, со континуирана едукација се со цел да се обезбеди првокласна грижа за пациентите. Покрај тоа пружа услуги и од општа реставративна, естетска и детска стоматологија, како што се пломбирање, белење на заби, порцелански коронки – метални и безметални, бондирање ламинати,екстракции на заби и друго. Воедно, д-р спец. Ирина Трајковска-Зареска работи и како фамилијарен стоматолог кој прима нови пациенти од сите делови на Скопје и сите регии на Македонија. Д-р спец. Ирина Трајковска-Зареска специјализираше стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2007 год, а магистрираше на полето на забните импланти на Стоматолошкиот Факултет во Скопје во 2009 год Д-р спец. Ирина Трајковска-Зареска e член на Македонското Стоматолошко Друштво, Македонската Стоматолошка Комора, и на Европската Асоцијација за Осеоинтеграција. Секоја година посетува конгреси и семинари од областа на стоматологијата низ целиот свет, со цел подобрување на целокупното професионално знаење. Нејзино хоби е скијање, пливање и читање книги.

Силвија Јовановска

Силвија Јовановска

Стоматолошка сестра

Силвија Јовановска, стоматолошка сестра, завршила средно медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 2004 година. Во стоматолошката ординација Дентизар работи од 2008 година. Има долгогодишно искуство како сестра- асистент во конзервативни, орално-хируршки и протетички стоматолошки интервенции. Во меѓувреме одлично го координира клиничкиот дел од праксата со административниот дел на работата со ФЗО. Слободното време го минува во учење англиски и дружење со пријатели.

Мишо Јовановски

Мишо Јовановски

Забен техничар

Завршено средно образование во 2003 год ДСУ Панче Караѓозов Скопје; Сопственик на заботехничка лабораторија од 2007 год.; Курсеви и обука: VMK-MASTER напреден курс за металкерамика, ANKYLOS мултиидикативен протетски курс, CEREC CAD/CAM 3D – напреден курс, CEKA PRECI-LINE – напреден курс, Тотална протеза- техника на изработка, напреден курс.