Добродојдовте во Дентизар
Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, во населбата Црниче, на 15 минути пеш од срцето на градот Скопје, Македонија.
Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, во населбата Црниче, на 15 минути пеш од срцето на градот Скопје, Македонија.
Ординацијата постои од 2005 година, водена од др. Ирина Трајковска- Зареска, со долгогодишно искуство во областа на протетика и имплантологија. Употребуваме најнови стоматолошки материјали, методи и машини.
Нашата главна цел е да се грижиме за вашата здрава и убава насмевка, со која ќе чекорите атрактивни и самоуверени во секојдневниот живот.
Ние обрнуваме огромно внимание на потребите и очекувањата на пациентите и со нив градиме долгогодишни релации на доверба.
Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика.
Ул. св. Наум Охридски бр.57, 1000 Скопје.
Тел. 02-2736-056, 070-300-041.
E-mail: irina@dentizar.com.mk
Имплантирање
Коронки врз импланти
Протези врз импланти
Мостови врз импланти
State of the art дијагноза и терапија
Мостови
Коронки
Протези
Инлеи
Онлеи
Композитни ламинати на предни заби
Керамички ламинати
Белеење
Безметални коронки
Чистење на забен камен
Пломбирање на заби
Залевање на трајни молари и премолари
Ноќен чувар
Забниот имплант го имитира коренот на загубениот заб, а поставува стоматолог во вашата уста кој носи единечен порцелански заб или мост. Забните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои ги загубиле споствените заби заради периодонтална болест, неуспешна ендодонтска терапија, повреда или друго.
Спец. по стоматолошка протетика,
Магистер по орална хирургија, имплантологија
Дипломирала за доктор по стоматологија во 2000 година во Скопје, со долгогодишно искуство во успешно дијагностицирање и лекување на пациентите. Од 2007 година е специјалист по стоматолошката протетика, а во 2009 година се стекнува со звањето магистер на орална хирургија. Од 2015 година е посветена на полето естетска стоматологија, во 2017 година е изгласана за лидер на македонскиот научен клуб за Европското Друштво за Козметичка Стоматологија, а од 2019 година е претседател на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија.
Стоматолошка сестра
Силвија Јовановска, стоматолошка сестра, завршила средно медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 2004 година. Во стоматолошката ординација Дентизар работи од 2008 година. Има долгогодишно искуство како сестра- асистент во конзервативни, орално-хируршки и протетички стоматолошки интервенции.
Стоматолошка сестра
Завршено гимназиско образование и дополнително стручно медицинска сестра. Има посебни афинитети кон комуникација со пациентите, водење на протоколи за стерилизација и хигиена и висока професионалност во работата.
доктор по дентална медицина
Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2015 година со просек 9.01. Со цел следење на најновите трендови во стоматологијата посетува низа настани од континуирана едукација во полето на естетската стоматологија, член е на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија. Преку одличната комуникација со пациентите и пристапот на работа активно допринесува во “Дентизар”, со цел да се зголеми бројот на успешно изведени интервенции и задоволни пациенти.