Нашиот тим
02/12/2019 2026-06-10 8:37Нашиот тим
Специјалист по стоматолошка протетика
Магистер по орална хирургија и имплантологија
Д-р Ирина Трајковска Зареска
Дипломирала за доктор по стоматологија во 2000 година во Скопје. Во 2005та година ја основала ординацијата ПЗУ Дентизар.
Д-р спец. Ирина Трајковска - Зареска работи како стоматолог за естетска стоматологија, за кое поле се квалификувала со посетување на многубројни курсеви, семинари и конгреси. Нејзиното формално образование го продолжила веднаш, така што во 2007 година станала специјалист по стоматолошка протетика, а од 2009 година се стекнала со звањето магистер по орална хирургија и имплантологија.
Д-р Ирина Трајковска Зареска во март 2026та успешно го одбрани докторскиот труд на тема „ Процена на успехот на фикснопротетичките супраструктури во зависност од видот на материјалот и од времето на оптоварување на имплантите“.
Во 2017 година, Ирина Трајковска - Зареска e изгласана за лидер на македонскиот научен клуб при Европското Друштво за Козметичка стоматологија, а од 2019 – 2024та година била претседател на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија (МЗЕС) . Покрај тоа е долгогодишен активен член на Македонското Стоматолошко Друштво (МСД), Стоматолошка Комора на Македонија (СКМ), Европското Друштво за Козметичка Стоматол огија (ЕСЦД) и на Интернационалниот Тим на Имплантолози (ИТИ).
Нејзини хоби се скијање, пливање и планинарење.
Стоматолошка сестра
Силвија Јовановска
Силвија Јовановска, стоматолошка сестра, завршила средно медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 2004 година. Во стоматолошката ординација „Дентизар “ работи од 2008 година. Има долгогодишно искуство како сестра - асистент во конзервативни, орално - хируршки и протетички стоматолошки интервенции. Во меѓувреме одлично го координира клиничкиот дел од праксата со административниот дел на работата со ФЗО. Слободното време го минува во учење англиски и дружење со пријатели.
Стоматолошка сестра
Жаклина Тушевска
Завршено средно гимназиско образование во Скопје и дополнително средно медицинско образование. Особен интерес покажува во комуникација со пациентите и асистирање на нови стоматолошки техники и процедури.