Дентални импланти
16/12/2025 2025-12-23 22:27Дентални импланти
Современо и трајно решение
Дентални Импланти
Денталниот имплант го имитира коренот на загубениот заб, за да носи порцелански заб или мост. Денталните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои ги загубиле природните заби заради пародонтална болест, неуспешна ендодонтска терапија, траума или хиподонција . Не само што имплантите се вистинска иновација, туку тие ги поштедуваат соседните заби од состружување.
Каква е процедурата за поставување на импланти?
Оваа процедура е тимска работа помеѓу вас пациентите, стоматологот и забниот техничар.
Зависно од вашата орална состојба, др. Ирина Трајковска Зареска прави план на третман и се постапува според потребата за:
- Надокнадување на еден заб – се поставува само еден имплант
- Надокнадување на неколку заба – се поставуваат два или повеќе импланти да носат мост.
- Надокнадување на сите заби – поставување на четири, пет или шест импланти во една вилица доколку се планира изработка на фиксен мост или поставување на два до три импланта ако се изработува мобилна протеза .
- Аугментација на синус – онаму каде нема доволно коскена висина во горната вилица за поставување на имплант, се подига флап, се прави прозорче во коската, се подига синусната лигавица и празниот простор над местото за имплантација се исполнува со вештачка коска.
- Модификација на алвеоларен гребен – онаму каде гребенот е недоволно висок или тенок се додава вештачка коска. Со оваа постапка во многу се подобрува изгледот и забот изгледа како природно да излегува од вилица.
Што можам да очекувам по третманот?
Еден ден постоперативно може да почувствувате болка и оток кои се контролираат со антибиотици и аналгетици, а чувството исчезнува по една недела. За понатамошното одржување на хигиена и одржување на имплантите се договарате со др. Ирина Трајковска Зареска која секои 6 – 12 месеци прави мониторинг на вашиот имплант, природните заби, здравјето на гингивите и коската.