Превентивна и реставративна стоматологија

За здрави и силни заби

Превентивна и реставративна стоматологија

Нашите услуги се фокусирани на превенција и одржување на оралното здравје, комбинирајќи современи техники за професионално чистење, модерни методи за отстранување на забен камен и бактериски плак, како и индивидуален пристап кон секој пациент.

Редовна професионална орална хигиена

Третманот опфаќа отстранување на забен камен и бактериски плак од забите и гингивите, а кај длабоки пародонтални џебови правиме и киретажа на цементот и коренот на забите со отворена и затворена метода.

Отстранувањето на пигментите од површината на забите го изведуваме со современа стоматолошка опрема: Kavo ултразвук и Kavo-profyflex 4и полирање со специјалнипасти. На нашите пациенти им препорачуваме да ги мијатзабите 2-3 пати на ден, по 2 минути, да Користат забен конец скоро секој ден и да доаѓаат минимум 1 годишно на професионално чистење.