Нашиот тим
02/12/2019 2026-01-05 9:19Нашиот тим
Специјалист по стоматолошка протетика
Магистер по орална хирургија и имплантологија
Д-р Ирина Трајковска Зареска
Дипломирала за доктор по стоматологија во 2000 година во Скопје. Во 2005та година ја основала ординацијата ПЗУ Дентизар.
Д-р спец. Ирина Трајковска - Зареска работи како стоматолог за естетска стоматологија, за кое поле се квалификувала со посетување на многубројни курсеви, семинари и конгреси. Нејзиното формално образование го продолжила веднаш, така што во 2007 година станала специјалист по стоматолошка протетика, а од 2009 година се стекнала со звањето магистер по орална хирургија и имплантологија. Моментално го изработува докторскиот труд на Катедрата по стоматолошка протетика на Стоматолошкиот Факултет во Скопје.
Во 2017 година, Ирина Трајковска - Зареска e изгласана за лидер на македонскиот научен клуб при Европското Друштво за Козметичка стоматологија, а од 2019 – 2024та година била претседател на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија (МЗЕС) . Покрај тоа е долгогодишен активен член на Македонското Стоматолошко Друштво (МСД), Стоматолошка Комора на Македонија (СКМ), Европското Друштво за Козметичка Стоматол огија (ЕСЦД) и на Интернационалниот Тим на Имплантолози (ИТИ).
Нејзини хоби се скијање, пливање и планинарење.
Доктор по дентална медицина
Д-р Билјана Јосифовска
Д-р Билјана Јосифоска - доктор по дентална медицина, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2015 година. Со цел следење на најновите трендови во стоматологијата посетува низа настани од континуирана едукација во полето на естетската стоматологија, член е на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија (МЗЕС) .
Преку одличната комуникација со пациентите и пристапот на работа активно допринесува во „Дентизар”, со цел да се зголеми бројот на успешно изведени интервенции и задоволни пациенти.
Стоматолошка сестра
Силвија Јовановска
Силвија Јовановска, стоматолошка сестра, завршила средно медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 2004 година. Во стоматолошката ординација „Дентизар “ работи од 2008 година. Има долгогодишно искуство како сестра - асистент во конзервативни, орално - хируршки и протетички стоматолошки интервенции. Во меѓувреме одлично го координира клиничкиот дел од праксата со административниот дел на работата со ФЗО. Слободното време го минува во учење англиски и дружење со пријатели.
Стоматолошка сестра
Жаклина Тушевска
Завршено средно гимназиско образование во Скопје и дополнително средно медицинско образование. Особен интерес покажува во комуникација со пациентите и асистирање на нови стоматолошки техники и процедури.