Ламинати

Ламинати се керамички лушпи специјално направени за предните заби. Овие многу тенки фасети (околу 0.5 mm) направени од порцелан се залепуваат на забот имаат боја на забот, проѕирни се но можат и да ја маскираат несаканата боја на природниот заб.. Керамиката има позитивни особини на материја како издржливост на оптоварување, отпорност на џвакопритисок и најважно биокомпатибилност со околкните меки ткива.

Најчести Индикации:

• скршени заби
• неестетски пломби
• темни заби
• дијастеми помеѓу предните заби
• заби со неуедначена големина
Во споредба со поставување на коронки врз забите, употребата на ламинати е многу штедлива кон забните ткива, бидејќи помалку забната структура мора да бидат состружена, само околу 0,5-0,8 мм.

 

Циркониумски ламинати

Прес-керамички ламинати

Белење

Зачувување на беспрекорна бела боја на забите воопшто не е лесно. Кафе, чај, никотин, црвено вино и одредени видови на храна доведуваат до брзо пребојување на забите. Лек за тоа е професионално белење, направено со модерни методи, кое доведува до подолготрајно осветлување на бојата на забите. Несакана првична промена на бојата на забите предизвикани исклучиво од забниот плак кој мора да се отстрани пред да се почне со третманот.
Додека пастите со ефект на белеење имаат само привремен ефект, професионално користените концентрации на хидроген пероксид или карбамид пероксид ја достигнуваат внатрешноста на забот. Тие дејствуваат врз дентинските бои, кои се одговорни за несакана промена на бојата, и во голема мера се неутрализира.

 

Професионално белење (in-office)

Безметални Коронки

Циркониумдиоксид е одличен материјал за безметални реставрации заради неговата биокомпатибилност, јачина и издржливост на долг рок. Полупровидноста или семитранслуценција на циркониумдиоксидот, можноста за ускладување на дентинските и цервикалните бои со опалесцентни емајлови бои се одлучувачки фактори за идеална естетика на овие коронки во било кои услови.

Безметалната керамика денес претставува стандарден материјал за естетски реконструкции врз природни заби и импланти во облик на фасети или ламинати, безметални керамички коронки, керамички мостови, керамички инлеи и онлеи и коронки на импланти.

Металкерамичките коронки и мостови со ограничени естетски карактеристики заради појава на сивиот раб и без живост во боите, како и алергија на метал, сега се минато.

Транспарентната и проѕирна керамика овозможува емитување на природната боја на забната супстанца и овозможува на светлината да минува низ керамиката се до природен заб. Протетски реставрации направени од овој вид на материјал добиен оптички својства слични на природните заби. Циркониумдиоксидната керамика која е сеуште незаменлив материјал за коронки и мостови поготово во бочната регија во долг временски период мостови. Изработката се прави компјутерски со CAD / CAM метод, што дава прецизно пасување на коронките и маргинално затворање помало од 100 микрони.

IPS e.max керамика или литиум дисиликатна керамика е другиот избор во реконструкцијата на заби во фронталната регија. Нивните естетски и физички перформанси дозволуваат совршено да се реконструира целиот забен низ како комбинација на фасети, коронки на природни заби и коронки врз импланти.