Имплант во предна регија

 Имплант со циркониумски абатмент и коронка

Мост врз четири импланти (All-on-4)

Мостови врз шест импланти (All-on-6)

Забниот имплант го имитира коренот на загубениот заб, за да носи порцелански заб или мост.

Забните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои ги загубиле природните заби заради пародонтална болест, неуспешна ендодонтска терапија, повреда или друго.
Не само што имплантите  се вистинска иновација, туку тие ги поштедуваат соседните заби од состружување.
Забните импланти носат порцелански заби кои личат и се чувствуваат како сопствени! Со совесно одржување од страна на пациентот, имплантите може да траат доживотно. Долготрајните студии го покажуваат највисокиот степен на успешност кај добро испланирани и поставени импланти, без опасност од исфрлање или компликации.

Каква е процедурата за поставување на импланти?

Оваа процедура е тимска работа помеѓу вас пациентите, стоматологот и забниот техничар. Зависно од вашата орална состојба, др. Ирина Трајковска Зареска прави план на третман и се постапува според потребата за:

  • надокнадување на еден заб- се поставува само еден имплант
  • надокнадување на неколку заба- се поставуваат два или повеќе импланти да ги носат протетските изработки
  • надокнадување на сите заби- поставување на шест или повеќе импланти во една вилица доколку се планира изработка на фиксен мост или поставување на два до четири импланта ако се изработува мобилна протеза
  • аугментација на синус- онаму каде нема доволно коскена висина во горната вилица. Да се надокнади овој недостаток се подига флап, се стигнува до синусот, се подига синусната лигавица и празниот простор над местото за имплантација се исполнува со вештачка коска.
  • модификација на алвеоларен гребен- онаму каде гребенот е недоволно висок или тенок се додава вештачка коска. Со оваа постапка во многу се подобрува изгледот и забот изгледа како природно да излегува од вилица.

Што можам да очекувам по третманот?

Еден ден постоперативно може да почувствувате болка и оток кои се контролираат со антибиотици и аналгетици, а чувството исчезнува по една недела. За понатамошното одржување на хигиена и одржување на имплантите се договарате со др. Ирина Трајковска Зареска која секои 6- 12 месеци прави мониторинг на вашиот имплант, природните заби, здравјето на гингивите и коската.