Имплантирање

Единечен имплант со коронка

Мост врз четири импланти (All-on-4)

Мостови врз шест импланти (All-on-6)

Забниот имплант го имитира коренот на загубениот заб, а поставува стоматолог во вашата уста кој носи единечен порцелански заб или мост.

Забните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои ги загубиле споствените заби заради периодонтална болест, неуспешна ендодонтска терапија, повреда или друго.
Не само што имплантите  се високо- технолошки напредок забните импланти ги поштедуваат соседните заби од состружување бидејќи носат самостојни протетски решенија.
Понекогаш свесно или несвесно ја криете насмевката ја криете насмевката заради празните простори од забите што фалат и го нарушуваат вашиот изглед.. Можеби протезите кои ги носите не се доволно сигурни при џвакање, зборување и кашлање.
Забните импланти носат порцелански заби кои личат и се чувствуваат како сопствени! Поставен од имплантолог и со поволно одржување од страна на пациентот, имплантите може да траат доживотно. Долготрајните студии го покажуваат највисокиот степен на успешност кај добро испланирани и поставени импланти, без опасност од исфрлање или компликации.

Каква е процедурата за поставување на импланти?

Оваа процедура е тимска работа помеѓу вас пациентите, стоматологот и забниот техничар. Зависно од вашата орална состојба стоматологот прави план на третман и се постапува според потребата за:

  • надокнадување на еден заб- се поставува само еден имплант
  • надокнадување на неколку заба- се поставуваат два или повеќе импланти да ги носат протетските изработки
  • надокнадување на сите заби- поставување на шест или повеќе импланти во една вилица доколку се планира изработка на фиксен мост или поставување на два до четири импланта ако се изработи мобилна протеза
  • аугментација на синус- онаму каде нема доволно коскена висина во горната вилица. Да се надокнади овој недостаток се подига гингивата се стигнува до синусот, се подига синусната лигавица и празниот простор над местото за имплантација се исполнува со вештачка коска.
  • модификација на алвеоларен гребен- онаму каде гребенот е недоволно висок или тенок се додава вештачка коска. Со оваа постапка во многу се подобрува изгледот и забот изгледа како природно да излегува од вилица.

Што можам да очекувам по третманот?

Еден ден постоперативно може да почувствувате болка и оток во првите 48часа кои се контролираат со антибиотици и други лекови, а чувството на страно тело во вилицата исчезнува по една недела. За понатамошното одржување на хигиена и одржување на имплантите се договарате со вашиот стоматолог кој секои 6- 12 месеци прави мониторинг на вашиот имплант, природните заби, изгледот на гингивите и коскената висина.