Добродојдовте во Дентизар, специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, во населбата Црниче, на 15 минути пеш од срцето на градот Скопје, Македонија. Ординацијата постои од 2005 година и претставува плод на долгогодишна работа и стекнато искуство на др. Ирина Трајковска- Зареска.

Како тим, обрнуваме огромно внимание на потребите и очекувањата на пациентите, и со нив градиме долгогодишни релации на доверба.

Д-р Ирина Трајковска успешно ги решава и едноставните и најсложените стоматолошки случаи, кои понекогаш бараат интердисциплинарен пристап на повеќе специјалности (протетика, орална хирургија и ортодонција).

Континуирано се усовршуваме во областа на естетската стоматологија и имплантологија, вложуваме во нашето знаење, вештини, методи и високо- напредна опрема и технологија.

 

РЕКОА ЗА НАС

"Неверојатно е како "комплексни" постапки може да бидат толку едноставни во рацете на искусни и уверени професионалци. Јас бев толку исплашен слушајќи "хорор" приказни во врска со имплантна хирургија што бев спремен да имам празнина во забниот низ, засекогаш. Среќа, ми се активира здравиот разум и почна мојата "авантура" со д-р Ирина Зареска. Мојата прва посета беше во април, за да ми постави 2 забни импланти. Постапката беше помалку од 20 мин, а тимската работа помеѓу д-р Зареска и оралниот хирург беше совршена. Ми беа дадени сите совети за постоперативна нега и бев подготвен за една недела болно опоравување. Но, повторно за моја среќа, јас немав било каква болка, оток или инфекција. Таа ги извади конците по една недела. Се вратив дома во Велика Британија, продолжив со сите нормални активности, без било каков проблем. Втората посета беше кон крајот на јуни, повторно на една недела. Тогаш таа ги зеде отпечаточните мерки, ги даде на моделирање кај нејзиниот техничар протетичар, кој за ултра-кратко време изготви металкерамички коронки. Крајниот исход е брилијантен нов изглед на мојот долниот дел на вилицата,
Не постои сомнеж на д-р Зареска има изградено високо професионална стоматолошка пракса по сите стандарди. Нејзините вештини како имплантолог и протетичар се добро познати, но она што ја прави нејзината пракса различна е атмосферата на релаксирачка средина, каде што пациентите се сигурни дека ќе бидат добро згрижени. Попрво е многу топло домашно место, отколку ладна медицинска пракса. Вработените се многу професионални и со тоа допринесуваат во целата атмосфера. Многу ми е мило што сум го изберал Dentizar за мојата имплантна хирургија. Мојот заболекар назад во Велика Британија ја пофали работата извршена од страна на д-р Зареска. Јас високо ќе ја препорачувам како исклучително вешта, пријателска и квалитетна во имплантна хирургија. Тоа се добро потрошени пари.- Milan, UK
"

− Др. Милан Сапунџиески

"Севкупно, јас сум многу задоволен од одличната работа и квалитетите на д-р. Ирина Трајковска-Зареска и од останатиот дел од тимот на стоматолошката ординација Дентизар во Скопје (Република Македонија). Во главно бев третиран од д-р. Ирина и ми беа извршени следните интервенции - екстракција на импактиран заб, екстракција на долен втор молар, инсерција на забен имплант и поставување на забна коронка. Сите овие сложени интервенции беа изведени под многу добри услови, во многу краток временски период. Квалитетот на пружените услугите, како и современата и одлична стоматолошка опрема, неизоставајќи ја чистотата на самата ординација и стерилноста на инструментите и оперативното поле допридонесоа до успехот на целата постапка на вградување на забниот имплант. Покрај тоа, мојот прием кај д-р. Ирина и нејзиниот тим беше одличен, секогаш бев третиран со љубезност, што ми овозможи да се чувствувам доста релаксирано и комфорно во нејзината ординација."

− Жан Жак, Франција

"Со голема сигурност ги препорачувам стоматолошките услуги на Др.Ирина Трајковска-Зареска, затоа што одкако бев третирана во нејзината ординација, конечно целосно ја повратив назад способноста за џвакање, после долги години на негативно искуство од третмани и предлози на други доктори по стоматологија. "

− Катица, Србија

"Во текот на изминатите 18 месеци имав голем број на третмани во стоматолошката ординација Дентизар, вклучувајќи неколку порцелански пломби и отстранување на импактиран заб. Исто така имав терапија со ортодонтски фиксен апарат, за која беше одговорен специјалист по ортодонција.
Јас сум многу задоволна од квалитетот на услугите, вработените се секогаш професионални и многу љубезни такашто овозможуваат релаксиран амбиент за работа.
Хируршките интервенции се изведуваат во беспрекорно стерилни услови и во благопријатен амбиент, како никоја друга претходна хируршка интервенција што ми била изведена на друго место.
"

− Кели, Англија

"Првата посета на стоматолог за многу луѓе претставува непријатен настан. Моето лично искуство со д-р. Ирина Трајковска- Зареска вас, и нејзините одлични вештини и големата емпатија, напротив, ми влеа голема доверба во неа како стоматолог. Всушност, таа стана мој ангел чувар откако ме ослободи од страшната болка од стариот воспален имплант со тоа што го замени со нов, кој веќе го чувствувам како сопствен заб. Со целосна сигурност ја препорачувам на сите мои пријатели, притоа нагласувајќи ја нејзината голема грижа и одговорност кон пациентите."

− Роберт, Германија