Дипломирала за доктор по стоматологија во 2000 година во Скопје, со долгогодишно искуство во успешно дијагностицирање и лекување на пациентите. Од 2007 година станала специјалист по стоматолошка протетика, а од 2009 година се стекнала со звањето магистер по орална хирургија и имплантологија. Воедно, д-р спец. Ирина Трајковска-Зареска работи и како стоматолог за естетска стоматологија, за кое поле се квалификувала со посетување на многубројни курсеви, семинари и конгреси. Во 2017 година, Ирина Трајковска-Зареска e изгласана за лидер на македонскиот научен клуб при Европското Друштво за Козметичка стоматологија, а од 2019 година е претседател на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија . Покрај тоа е долгогодишен член на Македонското Стоматолошко Друштво, Македонската Стоматолошка Комора и на Европската Асоцијација за Осеоинтеграција. Секоја година посетува конгреси и семинари од областа на стоматологијата низ целиот свет, со цел подобрување на целокупното професионално знаење. Нејзино хоби е скијање, пливање и читање книги.
Д-р Билјана Јосифоска- доктор по дентална медицина, дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2015 година со просек 9.01. Со цел следење на најновите трендови во стоматологијата посетува низа настани од континуирана едукација во полето на естетската стоматологија, член е на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија. Преку одличната комуникација со пациентите и пристапот на работа активно допринесува во “Дентизар”, со цел да се зголеми бројот на успешно изведени интервенции и задоволни пациенти.
Силвија Јовановска, стоматолошка сестра, завршила средно медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 2004 година. Во стоматолошката ординација Дентизар работи од 2008 година. Има долгогодишно искуство како сестра- асистент во конзервативни, орално-хируршки и протетички стоматолошки интервенции. Во меѓувреме одлично го координира клиничкиот дел од праксата со административниот дел на работата со ФЗО. Слободното време го минува во учење англиски и дружење со пријатели.
Завршено средно гимназиско образование во Скопје; Дополнително средно медицинско образование. Особен интерес кон комуникација со пациентите и асистирање на нови стоматолошки техники и процедури.