Имплантологија
• Имплантирање
• Коронки врз импланти
• Протези врз импланти
• Мостови врз импланти
Стоматолошка протетика
• Мостови
• Коронки
• Протези
• Инлеи
• Онлеи
Естетска стоматологија
• Белеење
• Ламинати од стакло керамика
• Ламинати од композит
• Циркониумски коронки
Превентивна и реставративна стоматологија
• Пломбирање
• Залевање на трајни молари и премолари
• Ноќен чувар
• Лекување и полнење на канали
• Чистење на забен камен и пескарење
• Киретирање на пародонтални џебови
Ламинати се керамички лушпи специјално направени за предните заби. Овие многу тенки фасети (околу 0.3-0.5 mm) направени од порцелан се залепуваат на забот, транспарентни или во боја да ја маскираат потемнет заб. Може да бидат направени од литиумдисиликат или фелдшпатна керамиката. Литиумдисиликатот има позитивни особини на материја како издржливост на оптоварување, отпорност на џвакопритисок и најважно биокомпатибилност со околкните меки ткива.
Најчести индикации:
• скршени заби
• неестетски пломби
• темни заби
• дијастеми помеѓу предните заби
• заби со неуедначена големина.
Во споредба со поставување на коронки врз забите, употребата на ламинати е многу штедлива кон забните ткива, бидејќи помалку забната структура мора да бидат состружена, само околу 0,5-0,7 мм.
• Белеење
Зачувување на беспрекорна бела боја на забите воопшто не е лесно. Кафе, чај, никотин, црвено вино и одредени видови на храна доведуваат до брзо пребојување на забите. Лек за тоа е професионално белење, направено со модерни методи, кое доведува до подолготрајно осветлување на бојата на забите. Несакана првична промена на бојата на забите предизвикани исклучиво од забниот плак кој мора да се отстрани пред да се почне со третманот.
Додека пастите со ефект на белеење имаат само привремен ефект, професионално користените концентрации на хидроген пероксид или карбамид пероксид ја достигнуваат внатрешноста на забот. Тие дејствуваат врз дентинските бои, кои се одговорни за несакана промена на бојата, и во голема мера се неутрализира.
• Безметални коронки
Циркониумдиоксид е одличен материјал за безметални реставрации заради неговата биокомпатибилност, јачина и издржливост на долг рок. Транслуценцијата на циркониумдиоксидот, можноста за ускладување на дентинските и цервикалните бои со опалесцентни емајлови бои се одлучувачки фактори за идеална естетика на овие коронки во било кои услови.
Безметалната керамика денес претставува стандарден материјал за естетски реконструкции врз природни заби и импланти во облик на фасети или ламинати, безметални керамички коронки, керамички мостови, керамички инлеи и онлеи и коронки на импланти.
Металкерамичките коронки и мостови со ограничени естетски карактеристики заради појава на сивиот раб и без живост во боите, како и алергија на метал, сега се минато.
Транспарентната и проѕирна керамика овозможува емитување на природната боја на забната супстанца и овозможува на светлината да минува низ керамиката се до природен заб. Протетски реставрации направени од овој вид на материјал добиен оптички својства слични на природните заби. Циркониумдиоксидната керамика е сеуште незаменлив материјал за коронки и мостови во бочната регија во долг временски период мостови. Изработката се прави компјутерски со CAD / CAM метод, што дава прецизно пасување на коронките и маргинално затворање помало од 50 микрони.
IPS e.max керамика или литиум дисиликатна керамика е другиот избор во реконструкцијата на заби во фронталната регија. Нивните естетски и физички перформанси дозволуваат совршено да се реконструира целиот забен низ како комбинација на фасети, коронки на природни заби и коронки врз импланти.